Словенецот Роман Уранјек во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 18 јуни 2014 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Роман Уранјек со наслов At Least One Cross A Day After 1.1.2002.   Роман Уранјек е реномиран уметник кој живее и работи во Словенија, еден од основачите на светски познатиот уметнички колектив IRWIN, […]

Изложбата “Македонско профано сликарство…” во Чифте амам

На 04.11. 2013 година (понеделник), во 19:30 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе биде отворена изложбата “Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)”. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата […]

Отворање на изложбата на Ибрахим Беди

Отворање на изложбата (3 септември 2013)  на Беди Ибрахим насловена  “Од приказните за амамот” во Чифте амам. Изложбата ја отвори уметникот Ацо Становски и директорката на НГМ, Халиде Палоши. Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа […]

Изложба на Станко Ѓорѓиев во КИЦ Софија

Почитувани, Ве информираме дека во организација на Националната галерија на Македонија, во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија, на 16 јули 2013 година (вторник) во 18.30 часот, ќе се отвори изложба на Станко Ѓорѓиев. Од првите свои настапи во јавноста до денес, Станко Ѓорѓиев истрајно чекори по својата лична патека, разработувајќи и збогатувајќи […]

Омаж за Димче Николов во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 јуни 2013 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање. Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години […]

За престојното претставување на Венециското биенале

Почитувани претставници на медиумите, по неодамнешната прес-конференција по повод Македонскиот павилјон на 55-то Венециско биенале и проектот Silentio Pathologia на нашата претставничка Елпида Хаџи Василева произлегоа брдо реакции над погрешно протолкуваниот аспект на примената на кожите од стаорци во проектот, иако и на самата прес-конференција беше убаво нагласена природата на кожите на стаорците кои се […]

Најава за македонскиот павилјон на Венециското биенале

Добредојдовте во Националната галерија на Македонија на прес-конференцијата по повод најавата за отворањето на македонскиот павилјон и промоција на проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи-Василева, како наш национален претставник на 55-то Венециско биенале. Имено ја користиме оваа прилика за да ве информираме дека делото е успешно завршено и дека утре треба да пристигне во Венеција, […]

„Скопје некогаш, сега и во иднина“ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 26 април 2013 година (петок) во 13 часот ќе биде отворена изложба на тема „Скопје некогаш, сега и во иднина“. На изложбата ќе земат учество учениците на возраст од 5-то до 8-мо одделение од сите основни училишта од градот Скопје, кои по претходно објавениот конкурс создадоа […]