Бурим Укиќи изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на ден 10.12.2013 год. (вторник) во 19 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи. Изложбата ќе содржи 40-тина дела масло на платно. Бурим Укиќи дипломирал на Факултет за ликовни уметности при Државниот Универзитет во Тетово, насока сликарство. Продолжил на постдипломски студии во 2008/2009 година […]

Парк на уметноста во Националната галерија на Македонија (фото)

Фотографии од акцијата на воспоставување на Парк на уметноста. По повод Денот на дрвото – Засади ја својата иднина, која се одржа на 27 ноември 2013 година (среда) во дворот на Даут пашиниот амам во Националната галерија на Македонија. Во акцијата на создавањето на Паркот на уметноста учествуваа уметници, историчари на уметноста, екологисти и љубители на уметноста. Имено […]

„Македонско профано сликарство…“ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 04.11.2013 година беше отворена изложбата „Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)“. Куратор на изложбата е Славица Алексоска. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата […]

Димче Димески со „Критична маса ~ Првиот бран“ во Чифте амам

Димче Димески; Критична маса ~ Првиот бран Чифте амам, Отворање: 4 септември 2013, 20 часот 04-15.09.2013 На ден  среда 30 мај 2012 година, во 18.00 часот  Скопје за првпат се вклучува на велосипедската манифестација „ Критична маса“ која се одржува истовремено во 300 градови низ светот, за да се испрати една глобална порака на здружување […]

(фото) Изложба на Бубан и Мајер во Мала станица – отворање

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, во вторникот (11 јуни 2013 година) беше отворена изложбата на словачките уметници Стано Бубан и Ева Мајер. Ева Мајер е родена 1983 година во Соморја (Словачка) и е талентиран графички уметник на најмладата генерација. Дипломирала во 2008 година на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта. Главни […]

(фото) Димче Николов во Чифте амам – отворање

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, минатиот четврток (6 јуни 2013 година), се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање. Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години на 20-от век, оваа […]

Омаж за Димче Николов во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 јуни 2013 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање. Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години […]

Silentio Pathologia пред Венециската публика

Македонскиот павилјон на 55 Венециско биенале имаеше одлично отворање, проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи Василева предизвика неверојатен интерес кај публиката. На отворањето имавме повече од 200 гости, меѓу кои во најголем број галеристи, куратори, уметници, претставници на фондации, директори на музеи, делегации и слично. Моќниот проект, неговата комплексност и интригантност, одличната локација на нашиот […]

Отворена изложбата на Мајлинда Келменди во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вчера (среда, 22 мај 2013 година), во 20:00 часот се отвори изложбата на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Изложбата ја отвори директорката Халиде Палоши, пред бројните гости и посетители. Мајлинда Келмеди е родена во Тирана, а живее и работи во Приштина. Професор е на Факултетот […]

Најава за македонскиот павилјон на Венециското биенале

Добредојдовте во Националната галерија на Македонија на прес-конференцијата по повод најавата за отворањето на македонскиот павилјон и промоција на проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи-Василева, како наш национален претставник на 55-то Венециско биенале. Имено ја користиме оваа прилика за да ве информираме дека делото е успешно завршено и дека утре треба да пристигне во Венеција, […]