Изложба на Иван Ивановски во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 28 октомври 2015 година, (среда), во 20:30 часот ќе се отвори самостојна изложба на Иван Ивановски со наслов „ул. Салвадор Алјенде 68“. Проектот „ул. Салвадор Алјенде 68“ се состои од околу 100 скулптури, објекти и цртежи. Идејата е да се истражува релацијата на луѓето во група, […]

Изложба на Агрон Абдули во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 09 октомври 2015 година, (петок), во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на  Агрон Абдули. Агрон Абдули преку портретот често пати го повикува ехото на внатрешна средба со својата трансцендентала кое шири светло на човековата природа кое во суштина ги претставува најсуптилните човекови чувства. Многу […]

Ивана Пирковска во Чифте амам (поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 декември 2013 година (четврток) се отвори изложба на Ивана Пирковска со наслов „Илузија за простор-времето“. „Тоа што човекот прво ги насочил своите очи кон небото не било само за да ја задоволи интелектуалната љубопитност. Она што човекот всушност го барал во небото бил неговиот сопствен […]

Бурим Укиќи изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на ден 10.12.2013 год. (вторник) во 19 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи. Изложбата ќе содржи 40-тина дела масло на платно. Бурим Укиќи дипломирал на Факултет за ликовни уметности при Државниот Универзитет во Тетово, насока сликарство. Продолжил на постдипломски студии во 2008/2009 година […]

„Македонско профано сликарство…“ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 04.11.2013 година беше отворена изложбата „Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)“. Куратор на изложбата е Славица Алексоска. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата […]

Нафи Јашари и Џелил Руфати изложуваат во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 ноeмври 2013 година (вторник), во 19.30 часот ќе се отвори изложба на Нафи Јашари и Џелил Руфати. Експериментирањето на Нафи Јашари со разни техничко – технолошки методи при обликувањето на графичкиот лист, овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Без оглед за која графичка […]

Изложбата “Македонско профано сликарство…” во Чифте амам

На 04.11. 2013 година (понеделник), во 19:30 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе биде отворена изложбата “Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)”. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата […]

Афердита Кики изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 21 октомври 2013 година (понеделник), во 19:30 часот, ќе се отвори изложба на Афердита Кики. Уметноста што ја создава уметницата Афердита Кики плени со силната потреба за ликовно изразување. Едноставно, поседува свој свет на слобода. Со одредени комбинации на линии, боја, јазли, нишки, реси и облици […]

Отворање на изложбата на Зоран Тодовиќ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 19 септември се отвори самостојна изложба на авторот Зоран Тодовиќ (Србија), со наслов „Тишина“. Промислувајќи ја елементарната намена за прочистувањето на мажите, како и на жените, изложбата зборува за чистењето на телото, но и чистењето на духот. Одредени елементи на проектот ја истакнуваат длабоката поврзаност на […]