Поставка “(По)трагите на водата – Акварелот … “

Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската збирка се збогатува и со нови, современи дела, во значителен број од над 1700 дела. Акварелот како составен дел од Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место. Изложбата насловена (По)трагите на водата презентира избор на уметнички дела остварени во еден […]

„Насока“ на Исмет Рамиќевиќ – поставка

Исмет Рамиќевиќ е роден во 1960 година во Дубница, Сјеница, Србија. Дипломирал во 1985 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел скулптура, во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Член е на ДЛУМ од 1987 година. Работи како вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање на Факултетот за ликовни уметности при […]

Изложба на Зени Балажи – поставка

Зени Балажи е професор по Концептуална уметност на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, реализирал повеќе изложби во Европа, изработил сценографии за повеќе од 10 филмови, стотици дизајни итн… Изложбата ја сочинуваат разновидните искуства на современата уметност како што се: сликарство, видео-инсталација и презентација на сите нови мултимедијални техники на визуелната уметност. Во овој состав […]

“Столетие” од Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014) – поставка

Во организација на НУ Национална галерија на Македонија и Музеј МНТ при Македонскиот народен театар, во Даут-пашиниот амам е претставена јубилејната изложба Столетие, Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014). На изложбата се претставени повеќе од 260 дела, меѓу кои и негови лични предмети (акварели, сепии, цртежи, карикатури, сценографски и костимографски скици, реализирани костими, нацрти на книги […]

Изложба “Париз, те сакам” – поставка

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 24 март 2014 година (понеделник) се отвори изложбата “Париз, те сакам”. На изложбата се претставени делата на 41 македонски уметници, кои со поддршка на Министерството за култура на РМ во текот на изминатите години имаа можност да остварат двомесечен студиски престој во „Меѓународниот град на уметностите“ […]

Ивана Пирковска во Чифте амам (поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 декември 2013 година (четврток) се отвори изложба на Ивана Пирковска со наслов „Илузија за простор-времето“. „Тоа што човекот прво ги насочил своите очи кон небото не било само за да ја задоволи интелектуалната љубопитност. Она што човекот всушност го барал во небото бил неговиот сопствен […]

Бурим Укиќи во Чифте амам (поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам во вторникот (10 декември) беше отворена изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи. Изложбата на Бурим Укиќи во Чифте амам, содржи 40-тина дела масло на платно.

„Магијата на Монмартр“ во Мала станица (отворање и поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година  се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ […]

„Тишина“ на Зоран Тодовиќ во Чифте амам (поставка)

Уметникот Зоран Тодовиќ се претстави со проектот „Тишина“, кој е во целост замислен и инспириран од импозантниот објект Чифте амам, поточно се состои од повеќе инсталации специјално осмислени за овој простор. Промислувајќи ја елементарната намена за прочистувањето на мажите, како и на жените, изложбата зборува за чистењето на телото, но и чистењето на духот. Одредени […]

Ибрахим Беди во Чифте амам (поставка)

Поставката на инсталацијата на Ибрахим Беди во простор, во Чифте амам (Национална галерија на Македонија) – Стара скопска чаршија. Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа изложба пребарувајќи во сопствените сеќавања за приказните за Чифте амам […]