Хелидон Ѓерѓи во Чифте амам

Во вторник (1 август) во Чифте амам во 18 часот, ќе биде отворена изложбата на албанскиот уметник Хелидон Ѓерѓи. Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 во Тирана, Албанија) е современ уметник кој работи во различни медиуми. Студирал на Академијата за уметности во Тирана. Со отворањето на границите на Албанија во 1991 година, се преселил во Италија, каде […]

Промоција на монографија „Вељо Ташовски, живот и творештво“

На 1 јуни 2017 год. (четврток), во 12:30 часот во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам ќе се реализира промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски со наслов „Вељо Ташовски, живот и творештво“. Организатор и издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија, автор на текстот на монографијата е Проф. Д-р […]

Одбележување на Светскиот и Европскиот ден на музеите

Националната галерија на Македонија со особена чест и задоволство се приклучува кон одбележувањето на манифестацијата „18 Мај – Меѓународниот ден на музеите“. Темата која ја пропишува Меѓународниот совет на музеите (ICOM) со седиште во Париз, Франција и која важи за сите земји за 2017 година носи наслов „Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во […]

„Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија

По повод  „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија Ве информира дека ќе се реализираат три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност. Прв настан, промоција на монографија На 5 мај 2017 год. (петок), во 11 ч во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се реализира промоција […]

Видеотрилогијата „Анатомија на векот“ на Гоце Наневски во Мала станица

Анатомија на векот, видеотрилогија на Гоце Наневски ќе биде прикажана на 4-ти мај (четврток) во Мала станица, 20 часот .  Најновиот проект – три индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу […]

Годишна изложба на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“

На 13 март (понеделник) од 20.00 часот во објектот Мала станица, при Национална галерија на Македонија ќе биде отворена несекојдневна изложба на дела од ученици по меѓународна матура од средното училиште “Јосип Броз Тито”. Скопската публика ќе има можност да види интересни приоди на 20- ина млади креатори на сопствени светови. Оваа година настапот е јубилеен и се одржува […]

Годишната програма на Националната галерија на Македонија

  Националната галерија на Македонија за 2017 година ќе понуди мошне квалитетна Програма од областа на визуелните уметности, поточно ликовната дејност, издавачката дејност, истражувачки и едукативни проекти, меѓународната билатерална и мултилатерална соработка. Сигурни сме дека оваа Програма ќе ги исполни очекувањата на љубителите на уметноста и целокупната публика, различните таргетни групи, посетители, ќе даде исклучителен […]

Ретроспективна изложба „Вангел Наумовски“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам, на 23 декември 2016 година (петок), во 19 часот ќе се отвори ретроспективната изложба „Вангел Наумовски“. На изложбата ќе бидат изложени стотина дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски. Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети – тој кај […]

Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во […]