Донација на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од НГМ

Толку многу настани, ликовни работилници, креативни авантури, прекрасни искуства поминавме во оваа 2017 година. Нова Година е период кога луѓето подаруваат, денови кои ја греат душата и срцето. Оваа година, повеќе од успешна, ја заокруживме со хуманитарна акција. Годишната изложба на основните училишта со наслов „Мазев и јас“ која беше отворена на 19-ти декември во […]

Конкурс за Идејно решение за реконструкција на објектот „Мала Станица“

Почитувани, Ве известуваме дека НУ Национална галерија на Македонија објавува Конкурс за избор на Идејно решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот на Националната Галерија на Македонија „Мала Станица“ во Скопје. Ги покануваме заинтересираните субјекти да ги подигнат материјалите за Конкурсот во архивата на НУ Национална галерија на Македонија која се наоѓа во објектот […]

Ретроспективна изложба „Вангел Наумовски“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам, на 23 декември 2016 година (петок), во 19 часот ќе се отвори ретроспективната изложба „Вангел Наумовски“. На изложбата ќе бидат изложени стотина дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски. Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети – тој кај […]

Изложба на Игор Тошевски во „Чифте Амам“

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 септември (понеделник) 2016 година, во 20 часот ќе се отвори изложба на Игор Тошевски со наслов Помеѓу.   Игор Тошевски спаѓа меѓу ретките уметници кои во континуитет се обидувале да одговорат на клучните актуелни прашања без притоа да паразитира врз медиумската еуфорија, […]

“Обичниот човек” на Жарко Башески во Чифте амам

Долгогодишната успешна соработка на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност резултира со партиципација на Галеријата во рамките на манифестацијата Скопско лето. Така и оваа година, Проект од годишната програма на Националната галерија на Македонија ќе биде претставен на свеченото отварање и започнување на Скопско лето 2016. Отварањето на оваа манифестација ќе […]

Посета на амбасадорот на Перу за Македонија во Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во мултимедијалниот центар Мала станица се одржа свечена средба меѓу директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими и Н.Е. господинот Хозе Антонио Ароспиде Дел Бусто, амбасадор на Р. Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Романија. Повод за средбата е отварање на изложба на фотографии на 16.06.2016, […]

Изложба „Древниот сон“ на Тони Чатлески

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 1 јуни 2016 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Тони Чатлески со наслов Древниот сон. Во најновиот циклус на слики насловен Древниот сон, Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, при што е евидентно прочистувањето на визуелната палета додека филозофијата за […]

Разговори за уметноста „Уметноста и религијата“

Една од овогодишните програмски заложби на Националната галерија на Македонија како институција од национален карактер е унапредувањето на комуникацијата со македонската ликовна публика и со уметниците за сите актуелни прашања од современата ликовна уметност кај нас и во светот. Една од таквите нови форми на интензивирањето на оваа комуникација е разговорниот односно дебатниот проект едноставно […]

Меморандум за соработка меѓу Националните галерии на Македонија и Албанија

 На ден 11.05.2016 година (среда) НУ Национална галерија на Македонија потпиша меморандум за соработка со Националната галерија на Албанија. Договорот беше потпишан во просториите на Националната галерија на Албанија од страна на директорите на двете институции, г-дин Артан Шабани (Национална галерија на Албанија) и   д-р Дита Старова Ќерими (НУ Национална галерија на Македонија), а на […]

Реализирани програмски изложби на НГМ во 2015 година

Ова се програмските изложби на Националната галерија на Македонија, кои се одржаа во текот на 2015 година, во објектите на институцијата. Изложба на Одаловиќ и Милатовиќ во Чифте амам Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се […]