Самостојна изложба на Евгениј Пантев во Мала станица

Националната галерија на Македонија на 3-ти октомври (вторник) ќе ја претстави самостојната изложба на графичарот Евгениј Пантев во објектот Мала станица. Отворањето на изложбата е со почеток во 20 часот. Своето богато ликовно творештво несебично го има споделено со широката публика и љубителите на уметноста преку голем број самостојни изложби во земјава, над 100 национални […]

Изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 25 март 2015 година, во 19.30 часот, ќе се отвори изложба на црногорските уметници Ратко Одаловиќ и Сретен Милатовиќ. На оваа изложба Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со […]

Иван Фијолиќ изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 декември 2014 година (вторник) во 20 часот, ќе се отвори изложба на хрватскиот уметник Иван Фијолиќ со наслов Нео Н.O.Б. Изложбата комбинира 6 монументални скулптури инспирирани од историјата на социјалистичката ослободителната борба и јавните скулптури кои го формирале визуелниот јазик на идеологијата за една генерација. […]

Словенецот Роман Уранјек во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 18 јуни 2014 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Роман Уранјек со наслов At Least One Cross A Day After 1.1.2002.   Роман Уранјек е реномиран уметник кој живее и работи во Словенија, еден од основачите на светски познатиот уметнички колектив IRWIN, […]

Завршна изложба од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС

Завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС, во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам … По повод 18 мај, Светскиот ден на музеите, во Националната галерија на Македонија, објектот Даут пашин амам на 19 мај 2014 година (понеделник) во 11 часот ќе биде презентирана завршна изложба со резултати од ликовната […]

„Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“ во Чифте амам

Изложбата на фотографии од главниот град на Жереми Бишолц, насловена како „Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“, ќе биде отворена в среда 16 април 2014 во галеријата Чифте амам и ќе трае до 30 април 2014. Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија имаат чест да Ве поканат на отворањето на […]