,,Градина на бои- Допри ја уметноста 3″ во Даут Пашин амам

Националната галерија на Македонија во соработка со Македонското Монтесори здружение го реализираше проектот ,,Градина на бои- Допри ја уметноста 3″. Преку овој проект децата добија ликовна едукација и се запознаа со нашите најголеми уметници. Од креативните работилници во кои учествуваа деца од предшколска возраст се изработија ликовни творби во различни ликовни техники. Допирајќи ја уметноста […]

Во Чифте амам изложба под наслов “Наречи ме љубов”

По повод април, месец на лица со аутизам, со особена чест Ве информираме дека во среда 6.04.2016 год во 15 часот, во Националната галерија на Македонија во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов “Наречи ме љубов”. Изложбата беше реализирана во соработка со здружението ,,Во МОЈОТ СВЕТ,, ПОУ Д-р Златан Сремец- Скопје, Центарот […]

Изложба на дела од детската ликовна работилница „Детска радост“

Во Националната галерија на Македонија, објектот Чифте амам во првата половина на месец декември во рамките на програмските активности на едукативното одделение беше организирана креативна ликовна работилница  инспирирана од делата на нашата позната уметница Жанета Гелевска под наслов „Детска радост“. Изложбата на Жанета Гелевска наративно ги преставува најважните вредности во животот како и во уметноста. При […]

Годишна изложба на основните училишта во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 мај 2015 година (петок) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основните училишта од градот Скопје. Во соработка со ликовните педагози од основните училишта, учениците работеа дела на конкретна тема – акварел, и на изложбата ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од […]

„Магијата на Монмартр“ во Мала станица (отворање и поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година  се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ […]

Изложбата „Магијата на Монмартр“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година (петок), во 13:00 часот ќе се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се […]