Славица Јанешлиева со „Впечатоци“ во Мала станица

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 26 декември 2012 година (среда) во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Славица Јанешлиева под наслов „Впечатоци“.

Slavica Janeslieva poster

СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА е родена 1973 година во Скопје. Во 1996 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика. Во 1998 магистрирала на истиот факултет. Од 2006 работи како доцент на Катедра по графика, на Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2011 година е избрана во звањето вонреден професор. Од 2008-2010 продекан на ФЛУ. Досега реализирала 19 самостојни изложби во Скопје, Битола, Велес, Струмица, Босвил (Швајцарија), Братислава (Словачка), Њујорк (САД), Утрехт (Холандија), а учествувала на мноштво групни во целиот свет. Добитник е на голем број награди, а нејзини дела се наоѓаат во колекциите на 17 музеи и галерии во Македонија, Србија, Полска, Франција, Унгарија, Романија, Белгија, Финска, САД, Јапонија.

Со почит,
Национална галерија на Македонија

 

Slavica Janeslieva poster

Slavica Janeslieva, Ostrovi, 2010, linorez

Slavica Janeslieva, Ptica, 2010, akvatinta