„Од традицијата“ изложба на Решат Амети

Изложбата ќе биде отворена на 2 септември 2017 год. (сабота), во 20 часот, објект Чифте амам. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими. Решат Амети е роден во Гостивар (1964), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1989 година во класата на професорот Ана Темкова, а дипломската […]

Европска ноќ на музеите 2017

 Националната галерија на Македонија оваа година е дел од европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ која ќе се одржи на 20 мај 2017 година. Оваа манифестација се одржува во сите музеи во Франција и во сите европски музеи кои сакаат да партиципираат, а влезот на „Европска ноќ на музеите 2017“ е бесплатен за сите […]

Изложба на уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ

Во Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 декември 2016 година, во 12 часот ќе се отвори изложбата Уметнички слики од македонски автори, наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. На изложбата се застапени 46 уметнички дела и се поголем дел на уметнички слики од македонски автори преземени како движен имот во […]

„Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја во Мала станица

„Низ огледалото“ е насловот на најновата самостојна изложба на Санјонг Ли од Јужна Кореја, со која таа се претстави пред македонската публика. Изложбата се отвори на 3 август во 20:30, во Националната галерија на Македонија во објектот Мала станица во Скопје и траеше до 29 август. Санјонг Ли е родена во 1975 година во Ченгџу, […]

“Обичниот човек” на Жарко Башески (дела во простор)

Творештвото на Жарко Башески е изложувано во повеќе галерии и музеи, има остварено повеќе скулптури во јавен простор (Александар Македонски, Гоце Делчев, Даме Груев, Св. Кирил и Методиј…) и беше претставник на Македонскиот павилјон на 54-тото Меѓународно уметничко биенале во Венеција, 2011 година. Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот […]

Изложба на скулптури на Џелил Руфати во Мала станица

Во рамките на Скопско лето 2016, Националната галерија на Македонија е домаќин на уште еден настан, изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати. Отварањето на изложбата е на 07.07.2016 во 20:30 часот во објектот Мала станица.

“Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015” во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 13 јуни 2016 година (понеделник) во 20 часот ќе се отвори изложба на Горанчо Ѓорѓиевски насловена Happy Birthday 7.VIII.2014-6.VIII.2015. Модерниот свет, сега веќе поодамна, тргна по патот на технолошкиот и комуникациски развој. Последица, цел или причина на оној развој, а можеби и сето тоа заедно, е […]

“Земна и небесна екстаза” во Мала станица

Националната галерија на Македонија, Музејот на град Скопје и Асоцијацијата за култура ИКОН со промоција на книга и отворање на изложба под наслов ЗЕМНА И НЕБЕСНА ЕКСТАЗА, светска љубовна поезија и сликарство на 15-ти април, Светски ден на уметноста. Автори – учесници на изложбата се Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Симон Шемов, […]

Изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат

Изложба на уметнички дела и скулптури од областа на визуелните уметности откупени на Конкурсот на Министерството за култура… Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица во вторник, 29.03.2016 во 12 часот ке биде отворена изложба на уметнички дела и скулптури од галериски формат од областа на визуелните уметности, откупени на Конкурсот на Министерството за […]

Изложба „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил

Во среда, 30. 03. 2016 година во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам ќе биде отворена изложбата под наслов „Природа на универзумот“ на канадската авторка Жо Ан Ланвил. Изложбата е организирана по предлог и во соработка со Канадската Амбасада од Белград, Република Србија. Изложбата ќе биде поставена 10 дена. На изложбата […]