„Урбани документи: пејзаж – слика – предел“ во Мала станица

Годинава, повеќе од триесет европски земји ќе се приклучат на одбележувањето на „Европските денови на културното наследство“ во знакот на заедничката тема „Природата и културното наследство“. Во рамките на оваа општа тема планирано е активностите во Република Македонија да се фокусираат на темата „Водата – дар од природата“.Настаните по повод манифестацијата ќе се одвиваат во периодот […]

Уметничка фотографија на Мимоза Велиу во Чифте амам

Вo Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 септември 2017 година (вторник),  во 20 часот ќе се отвори изложба на Мимоза Велиу со насловУметничка фотографија. Мимоза (1979) е фотограф и куратор родена во Македонија. Живее и работи во Берлин. Преку студиото и нејзината галерија JAMMIN таа поврзува заеднички концепт на комерцијални и уметнички фотографии. Покрај Берлин, Мимоза има изложувано и […]

Хелидон Ѓерѓи во Чифте амам

Во вторник (1 август) во Чифте амам во 18 часот, ќе биде отворена изложбата на албанскиот уметник Хелидон Ѓерѓи. Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 во Тирана, Албанија) е современ уметник кој работи во различни медиуми. Студирал на Академијата за уметности во Тирана. Со отворањето на границите на Албанија во 1991 година, се преселил во Италија, каде […]

“Theoria” изложба на Зоран Попоски во Мала станица

На 15 јуни 2017 година (четврток), во Националната галерија на Македонија, мултимедијален центар Мала станица, во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Зоран Попоски под наслов “Theoria”. Интердисциплинарниот македонски уметник Зоран Попоски својот најнов проект насловен “Theoria” го базира врз принципите на повеќеслојното истражување во доменот на културните и општествените теории и практики, […]

Одбележување на Светскиот и Европскиот ден на музеите

Националната галерија на Македонија со особена чест и задоволство се приклучува кон одбележувањето на манифестацијата „18 Мај – Меѓународниот ден на музеите“. Темата која ја пропишува Меѓународниот совет на музеите (ICOM) со седиште во Париз, Франција и која важи за сите земји за 2017 година носи наслов „Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во […]

„Месец на Никола Мартиноски“ во Националната галерија

По повод  „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија Ве информира дека ќе се реализираат три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност. Прв настан, промоција на монографија На 5 мај 2017 год. (петок), во 11 ч во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се реализира промоција […]

Видеотрилогијата „Анатомија на векот“ на Гоце Наневски во Мала станица

Анатомија на векот, видеотрилогија на Гоце Наневски ќе биде прикажана на 4-ти мај (четврток) во Мала станица, 20 часот .  Најновиот проект – три индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу […]

Изложба „Будење“ во Чифте амам

На 11 април (вторник), со почеток во 18:00 часот ќе биде отворањето на изложбата „Будење“ во Чифте амам – Национална галерија на Македонија. За разлика од останатите, внатрешниот свет на децата со аутизам е неограничен, магичен. Толку искрен, чист, со енергија на која тешко може да се остане рамнодушен. Аутистичните ни ја откриваат нивната стварност […]

Изложба на млади косовски уметници во Скопје

Изложбата ќе биде отворена на 6 април во објектот Мала станица и ќе трае до 25 април…   Националната галерија на Македонија (НГМ) ќе биде домаќин на Националната галерија на Косово која ќе претстави концептуален проект насловен „АР 2016 / Young Art“ на пет млади косовски уметници кои биле финалисти на натпревар. Учесници на изложбата […]

Годишната програма на Националната галерија на Македонија

  Националната галерија на Македонија за 2017 година ќе понуди мошне квалитетна Програма од областа на визуелните уметности, поточно ликовната дејност, издавачката дејност, истражувачки и едукативни проекти, меѓународната билатерална и мултилатерална соработка. Сигурни сме дека оваа Програма ќе ги исполни очекувањата на љубителите на уметноста и целокупната публика, различните таргетни групи, посетители, ќе даде исклучителен […]