Донација на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од НГМ

Толку многу настани, ликовни работилници, креативни авантури, прекрасни искуства поминавме во оваа 2017 година. Нова Година е период кога луѓето подаруваат, денови кои ја греат душата и срцето. Оваа година, повеќе од успешна, ја заокруживме со хуманитарна акција. Годишната изложба на основните училишта со наслов „Мазев и јас“ која беше отворена на 19-ти декември во […]

Годишна изложба на основни училишта – „Мазев и јас“

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 19-ти декември 2017 година (вторник), во 12:30 часот ќе се отвори Годишната изложба на основни училишта со наслов „Мазев и јас“. Веќе два месеци наназад Даут пашиниот амам е центар на интерес на љубителите на ликовната уметност со тековната изложба „Петар Мазев, 90 години од […]

Резултати од Конкурсот за реконструксија и просторна редефиниција на Мала станица

Потребите од ново архитектонско, ентериерно и техничко уредување на мултимедијалниот објект Мала станица, кој е дел од Националната галерија на Македонија, со цел функционално искористување на просторот, приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметнички дела , иницираше потреба од поширока јавна дебата. Оттука, Националната галерија на Македонија ја повика стручната и компетентна […]

Втора дебата „Институција за можните иднини“

Почитувани, Со задоволство ве известуваме и воедно ве покануваме на втората и последна дебата од серијата „Институција за можните иднини“, која ќе се одржи на 12 декември 2017 година (вторник) во 12 часот во НУ Национална галерија на Македонија, објект Даут пашин амам. Оваа серија на дискусии е курирана од Ивана Васева како надворешен соработник […]

Оглас за вработување

Јавен оглас за вработување 02/2017 за вработување на 1 (едно) лице, давател на услоги на наопределено работно време во Национална установа, Национална галерија на Македонија  – Скопје, за следново работно место, на ниво на шифра: 1. Ниво Д03, шифра 03 04 Д03 003, назив на работно место Конзерватор.   Избран е следниот кандидат:

Одбележување на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби со изложба

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 1 ви декември 2017 година (петок), во 12 30 часот ќе се отвори изложбата „Каде и да одам, повторно тебе ти се враќам“. Националната галерија на Македонија години наназад организира различни креативни работилници преку кои учениците развиваат сензибилитет за ликовно изразување, совладуваат нови ликовни техники, развиваат […]

Од претставувањето во Националната галерија на Косово со „Есенција на егзистенцијата“

Изложбата „Есенција на егзистенцијата“ на која земаа учество 20 македонски современи уметници, која ја курираа тројцата кустоси на Националната галерија на Македонија Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски и Маја Чанкуловска Михајловска на 27 ноември 2017 година се отвори во Националната галерија на Косово во Приштина и предизвика особен интерес. Со ова прво официјално претставување на македонската […]

Институција за можните иднини – Две дискусии за НГМ

Во контекст на најавата за јубилејот 70 години од основањето на Уметничка галерија/ Национална галерија на Македонија во 2018 год. Еден од можните начини за критичко препистување на една институција е колекцијата. Нормативната традиционално историско – уметничка наратива на колекцијата во денешнината е предизвикана со темпорални кураторски и уметнички сценарија кои нудат различни погледи на […]

Конкурс за Идејно решение за реконструкција на објектот „Мала Станица“

Почитувани, Ве известуваме дека НУ Национална галерија на Македонија објавува Конкурс за избор на Идејно решение за реконструкција и просторна редефиниција на објектот на Националната Галерија на Македонија „Мала Станица“ во Скопје. Ги покануваме заинтересираните субјекти да ги подигнат материјалите за Конкурсот во архивата на НУ Национална галерија на Македонија која се наоѓа во објектот […]

Јавна дебата на НГМ со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“

На 6 септември 2017 во 19 ч. во просториите на „Мала станица“, се одржа јавна дебата организирана од страна на Националната галерија на Македонија со наслов „Мала станица – Минато, Сегашност, Иднина“. Целта на јавната дебата беше размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, еден од […]