Изложба на Иван Ивановски во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 28 октомври 2015 година, (среда), во 20:30 часот ќе се отвори самостојна изложба на Иван Ивановски со наслов „ул. Салвадор Алјенде 68“. Проектот „ул. Салвадор Алјенде 68“ се состои од околу 100 скулптури, објекти и цртежи. Идејата е да се истражува релацијата на луѓето во група, […]

„Хронологија на дневни записи“ на Мирко Вујисиќ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 21 октомври 2015 година, (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба која носи наслов „Хронологија на дневни записи“ на авторот Мирко Вујисиќ. „Хронологија на дневни записи“ го сублимира досегашното творештво на авторот, презентирајќи избор на дела кои го рефлектираат неговиот интензивен интерес кон различни ликовни […]

Изложбата „Utopia = Good Place or No Place“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 20 октомври 2015 година, (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов „Utopia = Good Place or No Place“ на групата БАУМ: Маурин Бахаус – Холандија, Фелипе Кастелбланко – САД/ Велика Британија, Алесандро Фонте – Италија, Шанет По – Полска/Германија, Јетон Муја – Косово, […]

Изложба на Агрон Абдули во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 09 октомври 2015 година, (петок), во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на  Агрон Абдули. Агрон Абдули преку портретот често пати го повикува ехото на внатрешна средба со својата трансцендентала кое шири светло на човековата природа кое во суштина ги претставува најсуптилните човекови чувства. Многу […]

Ацо Таневски изложува во Њујорк

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 9 октомври 2015 година (петок) во 18 часот ќе се отвори изложба на Ацо Таневски со наслов Додекоманија во Македонскиот културен центар (или Gallery MC) во Њујорк, САД. Куратот на изложбата е кустос, Горанчо Ѓоргиевски. „И додека Ацо Таневски во своето досегашно уметничко делување твореше во чисто […]

Ивана Пирковска со изложба во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 9 октомври 2015 година (петок) во 18 часот ќе се отвори изложба на Ивана Пирковска, со наслов Порака од твојот универзум во Македонскиот културен центар (или Gallery MC) во Њујорк, САД. Куратор на изложбата е кустос Маја Неделкоска Брзанова. Авторот Ивана Пирковска е родена 1988 година во […]

Изложба на Јасмина Новковска во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 3 октомври 2015 година (сабота), во 20 часот ќе се отвори изложба на Јасминка Новковска со наслов Во кој свет живееме?. На изложбата ќе бидат изложени стотина дела и е психолошко и психијатриско истражување. Делата се поделени во неколку циклуси: 1. Филмска уметност (,,Психо“, ,,Птици“, ,,Лудило“) […]