Изложбата „Есенција на егзистенцијата“ на 25 македонски современи уметници во Загреб

Во галеријата Лауба во Загреб, на 30 јуни 2015 (вторник) во 19 часот ќе се отвори изложбата Есенција на егзистенцијата на која се застапени 25 македонски современи уметници. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија. „Есенција на егзистенцијата“ е уметнички концепт кој се обраќа кон разни сфери од секојдневието, од животот, постоењето, перцепции […]

Изложба на Вељо Ташовски во Штип во организација на НГМ

Во Завод-Музеј Штип, галерија Безистен, на 19 јуни 2015 година (петок), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Вељо Ташовски. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонијa. Изложба на Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана […]

(По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ во Ликовниот салон во Велес

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Ликовниот салон на Народниот музеј во Велес, на 12 јуни 2015 година (петок) во 19 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската […]

Јубилејна изложба – 55 Години творештво на Борис Николоски

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 10 јуни 2015 година (среда) во 20 часот, ќе се отвори јубилејна изложба 55 Години творештво на Борис Николоски. Кариерата на скулпторот Николоски започна во 1959 кога тој почна да ги користи методите предложени од неговиот професор Франтишек Смерду (на Словенската Академија за ликовна уметност). Заробени […]

Минијатура – VIII Младински пролетен салон во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 5 јуни 2015 година, во 19 часот, ќе се отвори VIII Младински пролетен салон на тема Минијатура. Изработката на едно ликовно дело е сложен творечки процес (скицирање, цртање, поставување, реализација, анализа) и без разлика дали се работи за огромна површина на зид или платна, или сосема […]