Иван Фијолиќ изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 декември 2014 година (вторник) во 20 часот, ќе се отвори изложба на хрватскиот уметник Иван Фијолиќ со наслов Нео Н.O.Б. Изложбата комбинира 6 монументални скулптури инспирирани од историјата на социјалистичката ослободителната борба и јавните скулптури кои го формирале визуелниот јазик на идеологијата за една генерација. […]

Изложба на Теута Хоџа-Имери во КИЦ Софија

Во организација на Националната галерија на Македонија во соработка со Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, на 16 декември 2014 година (вторник) во 18:30 часот ќе биде отворена изложба на Теута Хоџа-Имери во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија. Интимниот дневник во делата на авторката е проткаен со фрагменти […]

Изложба на дела од палатата Фарнезина во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам вчеравечер беше отворена изложбата „Кон почетоците на Европската унија – италијанска архитектура и уметност за палатата Фарнезина“. Изложбата на која се претставени дела од најпознатите сликари на италијанскиот модернизам и архитектонски скици од палатата Фарнезина, е дел од културната програма со која беше одбележано претседателството на Република […]

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски – поставка

Ретроспективната изложба На Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. Вељо Ташовски е роден 1949 г. во с. Осој (Дебарско). Во 1975 г. завршил Академија за […]

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски во Даут пашин амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 4 декември 2014 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори ретроспективна изложба на Вељо Ташовски. Ретроспективната изложба На Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника. Ликовниот дискурс […]

Изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 2 декември 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори изложба по повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, со наслов Сите сме еднакви. Во таа насока Националната галерија на Македонија преку изложбата ,,Сите сме еднакви,, го одбележува Меѓународениот ден на лицата со посебни […]