Јубилејна изложба на Мартиноски во Даут пашин амам (поставка)

На 22 октомври 2013 во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам се отвори Јубилејната изложба на академскиот сликар и академик Никола Мартиноски – 110 години од раѓање и 40 години од смртта (1903-1973).

Martinoski panorami (1)

Никола Мартиноски е автор кој заслужува повторно и по разни поводи да се навраќаме и да се потсетуваме за неговата историска улога и неговото место во создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност, како составен дел на националната култура во Македонија воопшто. Со целокупното ликовно творештво, академскиот сликар Мартиноски, ќе остане засекогаш забележан во страниците на историјата на ликовната уметност кај нас, како прв модерен експресионист и основоположник на македонската современа ликовна уметност.

Мартиноски e роден е во Крушево во 1903 година, дипломирал на Училиштето за убави уметности во Букурешт, Романија во 1927 како најдобар студент на генерацијата. Во 1927 и 1928 година престојувал во Париз каде ја посетува Académie de la Grande Chaumière и Ransan.

По враќањето во Македонија, освен воведувањето на европските модерни сликарски обележја , тој се истакнал и со својата активност во областа на културата и уметноста. Мартиноски раководел со Средното ликовно училиште во Скопје, Друштвото на ликовните уметници, Уметничката галерија во Скопје или денес позната како Национална галерија на Македонија, учествува во формирањето на Македонската академија на науките и уметностите, институции кои и денес се основни носечки елементи на македонскиот културен живот. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и во странство.

Одговорен куратор: Мирјана Талеска, кустос советник.

Martinoski panorami (2)

Martinoski panorami (3)

Martinoski panorami (4)

Martinoski panorami (5)

Martinoski panorami (6)

Martinoski panorami (7)

Martinoski panorami (8)

Martinoski panorami (9)