(фото) Изложба на Бубан и Мајер во Мала станица – отворање

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, во вторникот (11 јуни 2013 година) беше отворена изложбата на словачките уметници Стано Бубан и Ева Мајер.

eva-stano (1)

Ева Мајер е родена 1983 година во Соморја (Словачка) и е талентиран графички уметник на најмладата генерација. Дипломирала во 2008 година на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта. Главни теми на нејзината уметност е испитувањето на поединецот на патот во општеството.

Стано Бубан е роден 1961 година во Сечовце, Словачка. Во 1986 година дипломирал на Катедрата за сликарство на Академијата за ликовни уметности и дизајн во Братислава. Тој предава на Одделот за цртеж на Академијата за ликовни уметности и дизајн во Братислава. Неговите уметнички дела обично ни раскажуваат приказни, често инспирирани од библиски или историски теми но и од неодамнешните настани. Во последните години, неговите приказни во сликарство ги вообличува преку средствата на фигуралтивното сликарство. Методот кој тој го избира за сликање зависи, и е предмет на расположението, содржината, и идејата на пораката.

eva-stano (2)

eva-stano (4)

eva-stano