(фото) Димче Николов во Чифте амам – отворање

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, минатиот четврток (6 јуни 2013 година), се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање.

Dimce Nikolov (2) (Copy)

Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години на 20-от век, оваа уметност доби поинаква димензија и квалитет во Македонија. Тој даде свој значаен придонес во афирмирањето на графиката како самостоен ликовен медиум.

Тој ја постави графичката уметност на исто рамниште со сликарството и со скулптурата. Претставувајќи ја својата ликовна преокупација преку класичните графички техники (линорез, литографија, сува игла, бакропис-акватинта), Николов постигна високо забележителен квалитет, со што остави неодминлива трага во развојот на графичката уметност во Македонија. Учествувал на сите значајни меѓународни графички годишни, биенални и триенални манифестации (Љубљана, Краков, Фрехен, Канагава, Барцелона, Варна, Фредрикштат, Намур, Шамалиер…).

Dimce Nikolov (1) (Copy)

Dimce Nikolov (Copy)