(фото) Дел од кинеската култура преставена во Мала станица

Изложбата е резултат на духовната и на културната рехабилитација, а секој експонат е рачно навезан од девојките од малцинството Чианг во регионот Венчуан.

kina mala stanica (8)

kina mala stanica (7)

Градоначалникот на Венчуан, Ванг На, истакна дека пријателството меѓу Македонија и Кина се покажало со помошта што, како што рече, љубезниот македонски народ му ја дал на кинескиот во справувањето со катастрофалниот земјотес.

Се повеќе кинески туристи доаѓаат во Македонија, каде не само што уживаат во културниот гламур и прекрасните пејсажи, туку го зголемуваат и разбирањето и пријателството меѓу нашите две земји“, рече таа.

Додаде дека Чианг е една од најстарите националности во Кина и Чианг везовите се главна одлука на Чијанг културата.

Везовите се скромни и едноставни но, богати во културна конотација, тие се везени убод по убод од везилките и истовремено се важен носител за разбирање на културата на Чијан“, рече На.

На отворањето на изложбата присуствуваа и кинескиот амбасадор во Република Македонија Цуи Џивеи, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, собраниските потпретседатели Јани Макрадули и Светлана Јакимовска, претседателката на парламентарната група за соработка со Народна Република Кина, Силвана Бонева…

kina mala stanica (11)

kina mala stanica (9)

kina mala stanica (12)

kina mala stanica (13)

010 Kina -Ciang

09 Kina -Ciang    024 Kina -Ciang

026 Kina -Ciang

027 Kina -Ciang