“Сите бои на љубовта” во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 8 април 2015 година (среда), во 14 часот, ќе се отвори изложбата Сите бои на љубовта, изложба подготвена по повод Месецот на аутизмот.

site boi na ljubovta

Националната галерија на Македонија преку едукативното одделение во текот на годината организира многубројни настани и изложби од најмладите уметници. Опфатени се сите ученици, сите возрасти на деца независно од физичката или менталната попреченост.

Националната галерија на Македонија особено става акцент токму на овие ранливи групи и постојано се залага за што поголема нивна инклузија во секојдневното живеење и уважување на различностите. На 3 декември минатата година беше одбележан Мегународниот ден на лицата со посебни потреби, а сега со изложбата под наслов ,, Сите бои на љубовта,, нашата институција го одбележува месецот на Аутизмот. Организирани беа работилници каде голем број дечиња изработија прекрасни слики.

Аутизмот не е болест туку состојба. Тој нема граници, им се случува на луѓето од различни раси и религии. Бројот на аутистични деца е се поголем. Во таа насока сите ние треба да се залагаме за подобрување на правата и заштита на лицата со аутизам и нивните семејства. Националната галерија на Македонија и во иднина подготвува вакви бројни настани.

______________________________________

На изложбата се претставени дел од стотина цртежи на различни теми, изработени во техника акрил, кои се резултатна заедничка работа на децата со аутизам, нивните родители, дефектолози и тимот вработени во НГМ.

Истата е поставена е во Чифте амам по повод Месецот на лица со аутизам, а попладнево официјално ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

03a autizam cifte amam

Целта на овој настан и на работилниците кои му претходеа е да се зголеми свесноста на луѓето за лицата со аутизам и за важноста од нивното вклучување во општеството, како и на сите лица од ранливите категории.

– Овие цртежи пленат со својата енергија и уметничката слобода која е одраз на огромниот творечки потенцијал и инвенцијата на овие мали, но големи уметници. Оваа изложба несомнено е доказ дека не смееме да бараме разлики меѓу нас, да го потенцираме тоа што не прави различни туку, напротив, треба да градиме заеднички вредности кои не спојуваат, истакна Канческа-Милевска.

Нагласи дека треба да се подигне свеста за лицата со аутизам како рамноправни и корисни чинители во општеството затоа што, рече таа, спецификите на аутизмот се уште се недоволно познати за поголем дел од јавноста.

Во таа насока, Канческа-Милевска најави дека во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе се реализира проектот „Инклузивни и креативни“, преку кој творбите на лицата со посебни потреби сместени во дневните центри низ Македонија ќе може да се продаваат во сувенирниците во градовите.

07a autizam cifte amam

НГМ ваков настан организираше и на Светскиот ден на лицата со посебни потреби (3 Декември) а, како што рече директорката Маја Неделкоска-Брзанова, НГМ ќе организира и во иднина активности за деца од различна возраст, независно од физичката или менталната попреченост.

– Уметноста е нераскинлив дел од севкупното општествено и културно живеење и со својот единствен визуелен јазик ги урива сите бариери, воспоставувајќи глобална комуникација меѓу луѓето, рече Неделкоска-Брзанова на отворањетона изложбата, која беше збогатена со музички настап и стихови на дел од нејзините учесници.