Програма на НГМ за 18 Мај – Меѓународен ден на музеите

18 Maj

Национална галерија на Македонија со свои активности се вклучува во рамките на светската мрежа на музеи и галерии кои го одбележуваат 18 Мај – Меѓународен ден на музеите.

Оваа година, темата предложена од Меѓународниот совет на музеите по повод Меѓународниот ден на музеите е „Музеите и културните предели“. Сите активности кои се изведуваат по повод 18 Мај, воедно се и дел од надлежностите и визијата на музеите кои чуваат предмети кои го претставуваат материјалното и нематеријалното наследство на одредена територија независно од нејзината големина.

Во продолжение е распоредот на настаните за 18 Мај (среда)

  • Даут-пашин амам

13 часот, изложба на работилницата за деца под наслов „Уметникот и јас“ која традиционално се случува по трет пат. Работилницата и изложбата се проект на едукаторот Ацо Таневски.

19 часот, Годишен концерт на ДАМБУЦ Илија Николовски Луј.

Во текот на целиот ден посетителите ќе можат да ја погледаат постојаната поставка од колекцијата на Национална галерија на Македонија од XIV-XX век

 

  • Чифте амам

Отворен за посета на изложбата под наслов “Reccuring landscapes” на хрватските уметници Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул, куратори Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Скопје.

 

  • Мала станица

20 часот, БИСТА биенале на студенти по архитектура.

 

Националната галерија на Македонија Ве информира дека објектите ќе работат со продолжено работно време, влезот е бесплатен и Ви посакува пријатен престој.