Петра Јовановска и Јиржи Кованда изложуваат во Чифте амам

Изложбата на Петра Јовановска и Јиржи Кованда оваа среда ќе биде отворена во Чифте амам, во Старата скопска чаршија…

Petra jovanovska i Jirzi pokana

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 септември 2014 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, ќе се отвори изложба на Петра Јовановска и Јиржи Кованда.

“Универзалноста, магијата, симболизмот, алхемијата, живототворноста се само дел од широката палета идеотеки за примената на кругот како основен модус во креирањето на делата од последниот циклус на авторката Петра Јовановска. Кругот претставува единство, целината, бесконечност. Нешто без почеток и крај, без страни или агли. Кругот значи заштита, но и ограничена слобода, норми, правила, општествени стеги. Тој е знак на исполнување и на целост, на спојување на поларитетите, на регенерација и на вечност. Често со формата на кругот се презентирало сонцето како основен извор на живот, но и елементот на духот што е еднакво сроден со четирите елементи: оган, воздух, земја и вода. Тој е симбол на животниот циклус, на рајот, на универзумот. Симболично, целиот наш живот може да се поврзе со формата на кругот, еднаш сме горе, друг пат долу, за одново и одново да започне искачувањет или, пак, падот. Спиритуалистите веруваат дека човековото постоење е директно зависно од оваа форма. Од кругови се состојат нацртите на нашите ДНК, сите ние сме зачнати во кружна јајце-клетка, живееме на кружна планета, не грее кружно сонце, напредокот на цивилизациите е директно зависен од примената на кружната форма – во пронајдокот на тркалото итн. Лавиринтот и мандалата се исто така начини за гледање кругови и доаѓање до внатрешен мир и духовна големина.”, се вели во текстот на кураторот на изложбата, Ана Франговска.

petra jovanovska 2petra jovanovska 1

Јиржи Кованда (1958) е еден од најпрестижните чешки концептуални уметници. Националната галерија на Македонија има особена чест да претстави еден дел од неговата документаристичка ретроспектива и ѝ нуди ретка можност на нашата публика да се запознае со животот и делото на овој мошне значаен европски признат автор. Кованда се појавува на чешката сцена со своите први акции во средината на 70-тите, а главно станува збор за минималистички перформанси што ги изведува уметникот во јавна средина и со ефемерни дејствија. Настапите во јавен простор се за него траги што се документираат, а нивното презентирање со помош на документаристичките црно-бели (често аматерски) фотографии со кратки описи на перформансите е наменето за галериски простор и за поширока комуникација со публиката. Информативноста во окупирањето на галерискиот простор била единствен начин да се презентира концептуалната уметност внатре, во затворен простор.

По неколкугодишна пауза, во последните десетина години Јиржи Кованда е повторно мошне активен и ги следи своите почетни идеи од 70-тите, изведувајќи нови перформанси, нови интервенции, нови дела, а ретко реинтерпретирајќи ги старите. И како што запишал Вит Хавранек (куратор и критичар) во Флеш арт, 2007 година, во текстот насловен „Слабите ветриња на секојдневието“ за творештвото на Кованда: „Реагирање на ветровите што доаѓаат од светот надвор не значи само реагирање на настани и информации кои се случиле на меѓународната уметничка сцена, туку исто така – а во неговиот случај ова е круцијално – влијание на тековните и слаби ветриња на секојдневието и на нормалноста.“

jirzi kovanda vaclavak

jirzi kovanda PAPRIKA

Изложбата ќе ја отворат Амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш и г-ѓа Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија.

_________________________________________

Фотографии од отворањето на изложбата.

jovanovska kovanda 8

jovanovska kovanda 7

jovanovska kovanda 6

jovanovska kovanda 5

jovanovska kovanda 4 jovanovska kovanda 3

jovanovska kovanda 2

jovanovska kovanda 1