Нафи Јашари и Џелил Руфати изложуваат во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 12 ноeмври 2013 година (вторник), во 19.30 часот ќе се отвори изложба на Нафи Јашари и Џелил Руфати.

dzelil rufati hafi jashari plakat

Експериментирањето на Нафи Јашари со разни техничко – технолошки методи при обликувањето на графичкиот лист, овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Без оглед за која графичка техника да станува збор, Јашари секогаш посветено ги истражува можностите и границите на овој медиум, доведувајќи ги истите до совршенство, не само во поглед на техничкиот израз, туку и во однос на севкупниот визуелен и естетски впечаток.

Комбинирањето на повеќе графички техники, му овозможува различни композициски и естетски решенија во креирањето на замислените ликовни проекти. Токму и затоа оваа изложба е со посебна тежина, од причини што Јашари своите истражувања во графиката ги претставува преку своите погледи на светот и животот, но со универзални вредности.

dzelil rufati (3)

EPSON DSC picture

Творештвото на Џелил Руфати, се карактеризира со интересот за металот во комбинација на други материјали. Тој пронаоѓа соодветен пластичен пренесувач на своите скулпторски визии, во јадровити тектонски облици кои ги изработува со аналитичко внимание и духовна смиреност. Композициите вибрираат со сопствен интензивен внатрешен живот, обликувани современо, но забележително во тематиката е влијанието на народното митолошко предание, како и архаичните и примитивни во крајно рудиментарен облик, односи за прашањето на животот и смртта, блиски на првобитната пред – логична свест. Геометриските форми во кои ги реализира своите дела сугерираат динамичност и распрскувачка продорност во просторот. Површината е систематски обработена, со што се добива ефектот на светло – сенка својствена за скулптурата како медиум на изразување.

Одговорен кустос на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.

Изложбата ќе ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

dzelil rufati (5)

dzelil rufati (4)

dzelil rufati (2)

dzelil rufati (1)

nafi jashari (2)

nafi jashari (3)

nafi jashari (4) nafi jashari (5)