„Насока“ на Исмет Рамиќевиќ – поставка

Исмет Рамиќевиќ е роден во 1960 година во Дубница, Сјеница, Србија. Дипломирал во 1985 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел скулптура, во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Член е на ДЛУМ од 1987 година.

ismet ramicevic 1

Работи како вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Досега реализирал 18 самостојни претставувања во Скопје, Прилеп, Пловдив (Бугарија), Ниш (Србија) и Њујорк (САД), а учествувал на мноштво значајни групни претставувања во Скопје, Риека, Цетиње, Сараево, Мурска Собота, Љубљана, Нови Сад, Панчево, Вашингтон, Дрезден, Апатин, Виена, Брисел, Софија, Варшава, Париз, Берлин, Тетово, Охрид, Нирнберг, Лос Анџелес, Шумен, Безел, Чачак, Рим, Белград, Софија, Талин, Подгорица, Лондон, Ровињ… За своето творештво е добитник на повеќе награди.