Младински пролетен салон во Мала станица

Во Нацоналната галерија на Македонија, објект Мала станица, утре (вторник, 21 мај 2013 година), со почеток во 20:00 часот, ќе се отвори VI Младински пролетен салон, во организација на едукативниот сектор на НГМ.

mladinski-proleten-salon-krugot
Темата на овогодишниот Салон е насловена КРУГОТ и ќе бидат презентирани ликовни видувања на младите со застапеност на сите видови техники од сликарството, графиката, вајарството како и новите визуелни уметности.

На VI Младински пролетен салон ќе земат учество ученици од дваесетина средни училишта од земјава, како и два факултети. Младинскиот пролетен салон е најдобра можност младите таленти да ги остварат своите уметнички замисли во еден професионален амбиент.

На отворањето за најуспешните ќе бидат доделени и пригодни награди и дипломи. Изложбата ќе биде отворена до 2 јуни 2013 година.