Изложбата „Utopia = Good Place or No Place“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 20 октомври 2015 година, (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов „Utopia = Good Place or No Place“ на групата БАУМ: Маурин Бахаус – Холандија, Фелипе Кастелбланко – САД/ Велика Британија, Алесандро Фонте – Италија, Шанет По – Полска/Германија, Јетон Муја – Косово, Нино Ломадзе – Грузија и гости на БАУМ од Македонија: Игор Сековски и Ѓорѓе Јовановиќ.

Utopija Alessandro Fonte i Swanette Poe1

Овој проект цели кон делумно разобличување на оваа толку генерална тематика – Утопија, особено во денешните нео-либералистички или квази нео-либерализстички општества таа има за цел да допре или иницира повеќе дискурси, меѓу кои:

Утопија, не мора да се однесува “’не’ место”, кое не тера критички да се обраќаме на нашата сегашност, но таа исто така може да има врска со префигуративното “добро место”, кое нуди алтернатива на нашата сегашност.

Утопијата како начин на размислување не инспирира да се одмориме од реалноста и да размислуваме подалеку од она што е веќе постоечко. “Утописки” уметнички дела не мора да бараат од нас да ги преземеме нивните идеи во буквална смисла. Туку нивната цел е да го извличат моментот на рефлексија и внатрешно испрашување за тоа “до каде може да функционира предлогот за уметност?”, “како се споредува со светот во кој живееме.” … итн

Додека нашата изложба е во галеријата, таа ќе биде место за уметноста, образованието, живот и утопија која некако го критикува своето општество, но и го преиначува тоа општеството во уметничко дело, во утопија.

Друга корист на нашата мултикултурна група во однос на прашањата за утопијата и уметноста е давање на некои предлози за можни одговори на аспектите за тоа како луѓето живеат во различни општества, мислат, дејствуваат и да се размислуваат.

Изложбата се состои од мултимедијални проекти, меѓу кои видео инсталации, инсталации, site specific објекти, дигитални принтови и перформанси. Куратор на проектот е Ана Франговска. Изложбата ќе биде поставена до 5 ноември 2015 година.

__________________________________________________