,,Градина на бои- Допри ја уметноста 3″ во Даут Пашин амам

Националната галерија на Македонија во соработка со Македонското Монтесори здружение го реализираше проектот ,,Градина на бои- Допри ја уметноста 3″.

montesori 232Преку овој проект децата добија ликовна едукација и се запознаа со нашите најголеми уметници. Од креативните работилници во кои учествуваа деца од предшколска возраст се изработија ликовни творби во различни ликовни техники.

Допирајќи ја уметноста децата создадоа вистинска градина на уметнички дела.

montesori 1

Изложбата ќе биде отворена на 5.09. 2016 (понеделник) во 18:30 часот во објакетот Даут пашин амам и ќе трае до 08.09.2016 година.